По учеството како македонски претставник во химната за Светското првенство во ракомет, Даниел Кајмакоски подготвува солистичка песна. Македонскиот пејач на „Инстаграм“ сподели дел од песната на српски јазик, која наскоро ќе биде снимена и промовирана во јавност.
По победата на првиот „Икс-фактор“, Кајмакоски сними неколку песни, меѓу кои дует со детскиот хор „Златно славејче“ и тема за филмот „Ќе бидеме светски прваци“, со која во моментот се наоѓа на врвот на „Домачица“, главната топ листа на „Ем-Ти-Ви Адрија“.
Со песната „Лисја есенски“, со која победи на „Скопски фестивал“, Кајмакоски во мај ќе нѐ претставува на „Евровизија“ во Виена, Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



