| четврток, 6 декември 2018 |

Пукна тиквата меѓу Тајзи и Слаткар?

Доколку им се верува на чаршиските муабети, на пријателството на раперите и доскорешни блиски пријатели и професионални соработници, Тајзи и Слаткар, му дојде крајот, пишува порталот „Вистина.

Наводно, веќе извесен период меѓу двајцата популарни музичари владеела одредена тензија, која неодамна резулитрала со караница, па Тајзи наводно најавил напуштање на  продукцијата „Иноватива“ во која двајцата беа ексклузивци.

Според порталот, меѓу двајцата музичари било видливо ривалството кое не можело да го скријат, како ниту фактот дека Тајзи наводно не бил задоволен што не го добива истиот третман како неговиот колега, иако неговата моментална популарност е иста, па и поголема од таа на Слаткаристика. Ова особено резултирало со тоа што по неодамнешните концерти на двајцата музичари во Банско, Бугарија, продукцијата не била подеднакво ажурна околу нивно известување и медиумско третирање. Имено, за концертот на Слаткар се пишуваше и пред и потоа, додека, пак, за првиот концерт на Тајзи надвор од Македонија беше само испратено соопштение без да биде потоа проследен текст како поминал истиот, кој ако им се верува на шпекулациите не заблежал некоја особена посетеност. Ова наводно ја прелеало чашата на незадоволство кај Тајзи, кој на крајот решил да  ја раские соработката со продукцијата, но и да му стави крај и на пријателството со Марко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top