Австралија ќе почека за гранслем шампион на домашна почва во Мелбурн, а виновник е Енди Мареј кој го елиминираше последниот „кенгур“ на турнирот Ник Кирјос со 3-0 во сетови.
Австралија опен ќе продолжи без домашен тенисер, а Шкотот денеска беше немилосрден и лесно ги доби трите сета со 6-3, 7-6, 6-3. Најмногу битка имаше во вториот сет, но Мареј кој е еден од фаворитите за триумф на Австралија опен беше сконцентриран во решавачките моменти и поведе со 2-0, откако го доби сетот со 7-5 во поени во тај-брејк.
Во полуфиналето шкотскиот тенисер ќе игра против Томаш Бердих. Чехот со блескава игра ја сопре серијата од 17 порази против Рафел Надал и го декласира Шпанецот со 3-0 во сетови. Утре се играат последните две четвртфиналиња ќе играат Новак Ѓоковиќ со Милош Раониќ и Станислас Вавринка против Кеи Нишикори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.