| четврток, 6 декември 2018 |

Турски „Суташ“ во мај почнува со производство

sutash

Владин тим предводен од вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, денеска го посетија производствениот капацитет на „Суташ“ во Македонија.

– Со ова очекуваме долгогодишната сага на „Сведмилк“ да биде успешно завршена. Се работи  за најголемата млекарница во Турција со обрт од преку 500 милиони евра. Инвеститор го познава бизносот и има огромно искуство  во сите сегменти и одлично портфолио на производи кои во Македонија ќе бидат со навистина добар квалитет – изјави Пешевски.

„Балканска млекара“ на почетокот  планира да произведува 45 тони млеко дневно, а капацитетот на фабриката е 180 тони млеко на ден. Планира инвестиција од пет милиони евра до крајот на годинава, а бројот на вработувањата да достигне до 200.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top