Реал Мадрид може да ја доживее истата судбина како и Барселона и да добие казна за трансфери од ФИФА поради неправилен ангажман на млади играчи. ФИФА најави истрага, а спорни се ангажманите на двајцата 12-годишници од Венецуела, Мануел Годој и Фернандо Масијас во 2012 година.
Реал не застана со ангажманот на тинејџери, па минатата недела потпиша 6-годишен договор со данското чудо Мартин Одегард, кој има само 16 години.
Ако се утврди дека има неправилности, Реал Мадрид ќе мине како лутиот ривал Барселона, клуб што доби забрана за купување играчи до почетокот на идната година, а причината е идентична, неправилен ангажман на млади таленти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера