Грчки борбен авион Ф-16 се урна на пистата во базата на НАТО во Лос Љанос, во југоисточна Шпанија, при што загинаа осум француски и двајца грчки војници, а беа повредени 21 војник, соопшти шпанскиот премиер Мариано Рахој.
Меѓу повредените има 11 италијански и десет француски војници. Петмина повредени се со тешки изгореници, а другите се на лекување во градот Албасете, во близина на базата.
Француските власти, пак, соопштиле дека загинале осум француски пилоти, а шест механичари биле тешко повредени.
Несреќата се случила кога за време на полетувањето грчкиот авион загубил притисок и се урнал во хангар во кој имало паркирано авиони што учествувале во вежба на НАТО. Во несреќата биле оштетени најмалку пет авиони и неколку хеликоптери.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберт изразил длабоко жалење поради трагедијата, која „го погоди целото семејство“ на Атлантскиот сојуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа