| четврток, 6 декември 2018 |

По 92 години презимето Папандреу за првпат надвор од парламентот

Jorgos-Papandreu-685x320

Поранешниот премиер и лидер на ПАСОК, Јоргос Папандреу нема да биде во новиот грчки парламент, откако неговата нова партија не доби доволно гласови за да биде избран. Ова е првпат по 92 години претставник со името Папандреу да отсуствува од грчкиот парламент.

Новоформираната партија на Папандреу – Движење на демократските социјалисти, не успеаја да ја поминe трипроцентната пречка и да влезe во новата власт на земјата. Ова е беден крај на едно долготрајно наследство, кое се претворило во традиција. Дедо му Јоргос Папандреу ја почна својата политичка кариера во владата од 1922 година. Неговиот татко, Андреас Папандреу, е основач на Панелинистичкото социјалистичко движење (ПАСОК) во 1974 година и заедно со Константинос Караманлис, се едни од најсимболичните фигури во грчката политичка историја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top