| четврток, 6 декември 2018 |

Папандреу на суд поради лажни предизборни ветувања

papandreu
Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу ќе биде изведен пред суд под обвинение за лажни тврдења и ветувања за време на предизборната кампања.

Обвинението подигнато против него се однесуваат на неговата изјава во 2009 година, во кое тој вели дека земјата има доволно средства за финансирање на предизборните ветувања. Поранешниот лидер на ПАСОК беше обвинет од пензионираниот поморски полковник Панајотис Стаматис, кој сака да му биде платени  како  надомест износ од 260 000 евра поради нереализираните ветувања на Папандреу.

Стаматис поднесе тужба против поранешниот премиер и по обвинение за предавство и ширење на лажни информации.

Локално.мк потсетува дека Папандреу поднесе оставка во 2011 година откако го договори првиот спасувачки план со кредиторите, но ден пред важниот потпис се скри и избега, што навлече огромен гнев, а потоа то го  чинешемногу во  животот и  кариерата  и речиси исчезнувањето на огромната и влијателна лева партија ПАСОК, основана од неговиот татко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top