| четврток, 6 декември 2018 |

Столтенберг: Украинската армија не е „легија на НАТО“

 

столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги оцени како „глупост“ изјавите на рускиот претседател Владимир Путин дека украинската армија е „Легија на НАТО“. Странските сили во Украина се руски, тоа е проблемот, нагласи Столтенберг.

Ја повикуваме Русија итно да прекине со поддршка на украинските сепаратисти, да ги почитува меѓународните обврски и да престане со дестабилизација на Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, додавајќи дека Русија продолжува со поддршка, вооружување и обука на сепаратистите.

– Го осудуваме продлабочувањето на насилствата, предизвикано од поддржаните од Русија сепаратисти, што има голема цена, платена од цивили – нагласи Столтенберг, пред денешната вонредна седница на Комисијата НАТО-Украина на барање на Киев.

НАТО се залага за целосна независност и територијален интегритет на Украина во нејзините меѓународно признаени граници, изјави Столтенберг, додавајќи дека Алијансата е дел од меѓународните напори за стабилизирање на Украина.

Според Столтенберг нема воено решение на конфликтот и треба да се бара мирно решение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top