| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот и стариот премиер на Грција нема да се сретнат

самарас

Формална церемонија за предавање на функцијата од досегашниот премиер и лидер на второпласираната Нова демократија Андонис Самарас нема да се одржи, туку  шефот на кабинетот на поранешниот грчки премиер Костас Бурас ќе го брифира шефот на кабинетот на новиот премиер Ципрас во седиштето на Владата.

Така, иако претходно беше најавено дека Самарас официјално ќе му ја предаде функцијата на Ципрас, лидерите на Нова демократија и Сириза, сепак нема да се сретнат, јави дописникот на МИА од Атина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top