По речиси три децении, Јужна Кореја ќе игра во финалето на азискиот куп. Денеска во полуфиналето избраниците на селекторот Ули Штилике славеа со 2-0 против Ирак и првпат по 1988 година ќе играат меч за титулата на континенталниот шампионат.
Ли Хјунг Хјуп во 20. минута им донесе предност на Јужнокорејците, а половина час подоцна со нов погодок, што го постигна Ким Јонг Квон, само беше потврдена победата вредна финале.
Во второто полуфинале утре, меѓусебе ќе играат домаќинот Австралија и селекцијата на Обединети Арапски Емирати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



