| четврток, 6 декември 2018 |

Јужнокорејски војник уби петмина свои другари

south Korea Soldiers

Јужнокорејски војник синоќа убил петмина свои другари, а уште толку повредил во близина на границата со Северна Кореја.

Повредените биле веднаш пренесени во болница и нема информации за нивната здравствена состојба.

Локалните медиуми објавија дека војникот побегнал со оружјето откако отворил оган врз своите другари во провинцијата Гангвон, источно од Сеул.

Безбедносните сили во моментот ја пребаруваат околината, со цел да го пронајдат напаѓачот.

Јужнокорејски воени претставници засега не го коментирале инцидентот, но нема индиции дека во него е вмешана Северна Кореја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top