Вчера околу 18.40 часот на магистралниот пат Штип – Велес во близина на крстосницата за с. Криви Дол, Штипско, се случи сообраќајна незгода во која учествуваа три патнички возила, „мазда 323” со велешки регистарски ознаки управувано од Џ.З.(23) од Скопје, без положен возачки испит, „југо“ без регистарски ознаки управувано од Спасе С.(27) од с. Таринци и „пежо 407” со светиниколски регистарски ознаки управувано од Ј.Д (61) од Свети Николе.
Во незгодата на место на настанот починал возачот на „југото“, 27-годишниот Спасе С. чијашто смрт е констатирана од страна на доктор од Итната медицинска помош од Штип, додека возачот на „маздата“ се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.