| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарчанец нападнал полицаец во станица во Кавадарци

На ден 23 јануари во 16.10 часот пред ПС Кавадарци, О.К.(28) од Кавадарци без никаков повод и причина, почнал да му упатува сериозни закани по животото на еден на полициски службеник, по што го нападнал со нож.

Со употреба на физичка сила истиот е совладан и лишен од слобода.

Инаку, осомничениот претходно бил приведен во ПС Кавадарци поради сторена сообраќајна несреќа под дејство на алкохол и напуштање лице место. По целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top