Друштвото на писателите на Македонија, во соработка со издавачките куќи од земјата, од идната недела го започнува новиот циклус од својот проект за презентирање и афирмација на литературата, Денови на македонските издавачи во ДПМ. Планирано е во наредниот период во Домот на македонските писатели, на оддделни средби со публиката, 27 издавачи да ги претстават своите планови и изданија преку едициите, авторите и нивните дела.
Денови на македонските издавачи е отворен проект кој се вклопува во континуираниот процес на дејноста на ДПМ, но во исто време претставува и можност за изнаоѓање нови форми на афирмација на дејноста на издавачките куќи, кои во просториите на македонската писателска асоцијација ќе имаат јаввна трибина за постигањата и за проблемите во своето работење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Македоника литера“ на Меѓународниот саем на книга во Пекинг стана дел од Здружението на издавачи 16+1
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре