| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарчанец нападнал полицаец со нож

ноз

Кавадарчанец нападнал полицаец со нож во петокот попладне пред полициската станица Кавадарци, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.
Според Стојкоска, О.К. (1986) од Кавадарци без никаков повод и причина му пришол на полицискиот службеник кој во моментот извршувал службено дејствие и почнал да му упатува сериозни закани по неговиот живот, по што го нападнал со нож.
– Со употреба на физичка сила е совладан и лишен од слобода – соопшти  Стојкоска.

Осомничениот претходно бил приведен во полициска станица во Кавадарци поради сторена сообраќајна несреќа под дејство на алкохол и напуштање на местото. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top