Австриската министерка за внатрешни работи, Јохана Микл-Лајтнер планира за време на балканската турнеја, особено во Косово, сериозно да разговара за проблемите на азилантите, пишува весникот „Кронен цајтунг“.
Под мотото „платете 30 евра и за возврат ќе добиете 500 евра“, автобуските превозници од Косово моментно водат кампања преку огласи за патување во Австрија. Со тоа ги повикуваат косовските граѓани да патуваат во Австрија и да поднесат барање за добивање азил.
Имено, доколку еден апликант, чиешто барање е одбиено, доброволно ја напушти Австрија има право на „почетна помош“. Меѓутоа, не станува збор за „рекламираните“ 500, туку за само 50 евра.
Минатата година 1.901 лице од Косово поднеле барање за добивање азил, а оваа година има веќе 535 молби, и покрај фактот дека шансите за добивање азилантски статус се речиси невозможни.
Косово е меѓу првите пет земји од каде што потекнуваат најголемиот број баратели на азил во Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации