Еден од најсериозните кандидати за титулата во италијанската Серија А лига покрај шампионот Јувентус екипата на Рома, одигра само 1-1 на гостувањето во Фиренца против тимот на Фиорентина.
Со овој „кикс“ на Рома, Јувентус се одлепи на табелата со седум бода разлика, ако не се случи нешто непредвидено може слободно да кажеме дека е старо-новиот шампион.
Фиорентина вечерва одигра солидна партија поведувајќи со голот на Марио Гомез во 19 минута. Откако не искористи уште неколку шанси за гол, казната стигна преку Адем Љаиќ на стартот на вториот дел.
Третпат „волчицата“ го плаќа данокот на лошо прво полувреме, почнувајќи од дербито со Лацио (од 0-2, стигнаа до 2-2) преку мечот со Палермо (0-1, па 1-1) и вечерва на „Артемио Франки“.
По ова реми, Јувентус има 49 бода, а Рома е втора со 42, следат Лацио и Сампдорија со по 34, Наполи со 33 (со меч помалку), а Фиоррентина има 31.
Fiorentina vs AS Roma 1-1 All Goals and… by tural-borcali
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)