Во 20.коло од италијанската Серија А лига, Интер беше изненаден на „Џузепе Меаца“ од Торино со 1-0 во самиот финиш од мечот.
Избраниците на Роберто Манчини ја имаа иницијативата и контролата на играта во текот на целиот натпревар, но не усепаја да го најдат голот на Торино.
Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без голови Торино во 94 минута изведе корнер од левата страна, а во целата мешаница најдобро се снајде Морети и ја затресе мрежата на Хандановиќ. Веднаш откако играчите на Интер изведоа од центар судијата отсвири крај на мечот.
Со оваа победа Торино се оддалечи од дното на табелата и досега успеа да собере 25 бода, додека Интер остана на деветтото место 26 поени.
Лидерот на табелата актуелениот шампион Јувентус ритунски дојде до трите бода солвадувајќи на свој терен Киево со 2-0. Двата гола беа постигнати во второто полувреме преку Погба во 60 и Лихштајнер во 73 минута.
Посебно беше фантастичен голот на францускиот интернцаионалец бидејќи беше постигнат од 20 метри со левата нога, откако се ослободи од двајца противнички играчи.
Јувентус се зацврсти на врвот на табелата со 49 бода дури осум повеќе од Рома која има натпревар помалку, оној против Фиорентина кој се игра вечерва.
Juventus vs Chievo 2-0 ► All Goals & Highlights… by HighlightsFullHD
Резултати Италија: Јувентус – Киево 2-0, Интер – Торино 0-1, Парма – Чезена 1-2, Сампдорија – Палермо 1-1, Верона – Аталанта 1-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)