Петре Шилегов очигледно средствата стекнати од сомнителни извори ги вложува во луксуз и злато, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Тие велат дека според анкетниот лист на Петре Шилегов, не само што купувал часовници, накит и злато во вредност од 130 илјади евра, туку купувал и уметнички слики во вредност од над 50 илјади евра.
-Претпоставуваме дека домот на Шилегови кој до скоро пријавуваа приход од 33 илјади денари месечно, е претворен не само во златарница, туку и во уметничка галерија.Замислете, кај човекот што себе си се смета за средна класа се наоѓаат уметнички слики во вредност од 50 илјади евра!? Господине Шилегов дали овие слики стекнати со купопродажен договор, сте ги купиле со пари од кирија од имотот кој непостои? Или господине Шилегов, киријата од четирите фирми во вашиот стан ја наплаќате во уметнички слики? – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)