Двократниот гренд слем шампион, Енди Мареј го совлада Григор Димитров со 6:4/6:7(5)/6:3/7:5 за место во четвртфиналето на Австралискиот опен. Во мечот од 3 часа и 32 минути имаше голем број на фантастични удари од двајцата тенисери, а Шкотланѓанецот се врати од 2:5 негатива во четвртиот сет за да стигнедо своето 16. последователно гренд слем четвртфинале.
23-годишниот Бугарин Димитров, кој се смета за една од новите ѕвезди на АТП турнејата, доби овации од публиката на „Род Лејвер арената“, додека Мареј го очекува дуел со австралиската тинејџерска ѕвезда Ник Кирјиос во четвртфиналето. Кирјиос го совлада Андреас Сепи во пет сета за да стане првиот Австралиец меѓу најдобрите осум на „Мелбурн парк“ од 2005 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.