Исламската држава објави снимка на која еден од двајцата јапонски заложници, за кои бараше откуп од 200 милиони долари, држи фотографија од убиениот сограѓанин, Харуна Јукава.
На снимката, Кенџи Гото го обвинува премиерот на Јапонија за смртта на Јукава и вели дека за неговото ослободување Исламската држава не бара пари, туку да се ослободи жена бомбаш – самоубиец Саџиле ал-Ришави, заробена во Јордан.
Таа пак е осомничена за терористички напад во Јордан во 2005 година.
Неколку аналитичари кои ги набљудуваат случувањата со Сирија и Ирак и влијанието на ИСИС, сепак изразија сомневања колку е реалната снимката.
Претставници на Јапонија соопштија дека исто така, се уште ја утврдуваат автентичноста на снимката.
Од друга страна, и американскиот претседател Барак Обама остро го осуди убивањето на јапонскиот државјанин Харуна Јукава од милитантите на Исламската држава, соопшти денеска Белата куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)