| четврток, 6 декември 2018 |

Обложувалниците ја фаворизираат Словенија

obloz_thumb_medium500_331

Според светските обложувалници, ракометарите на Словенија се големи фаворити во осминафиналето на СП во Катар против нашата селекција. 

Помалку изненадувачки, коефициентот за победа на Словенија се движи околу 1,70, додека за победа на нашите ракометари коефициентот изнесува 2,60.

Фаворитската улога на Словенија најверојатно се должи на нивниот висок пласман на претходниот Мундијал во Данска пред две години, кога Словенците завршија на високото четврто место, откако во бирката за бронзениот медал загубија од Хрватска.

Словенија е наш постојан соперник низ квалификациите и големите приредби во минатото. Иако најпресно и најпријатно сеќавање е тоа од Белград 2012година, сепак традиција вели дека не секогаш „змајчеките„ ни будат пријатни спомени. Еве ја листата на меѓусебни дуели меѓу Македонија и Словенија, која вели дека имаме 1 победа и 2 порази.

Квалификации за ЕП Норвешка 2008 година:
Македонија – Словенија 32:33
Словенија – Македонија 33:28

ЕП Србија 2012 година – Меч за 5 место:
Македонија – Словенија 28:27

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top