Менаџерот на францускиот репрезентативец Пол Погба, Мино Раиола, изјави дека неговиот клиент е најскапиот фудбалер на светот.
За фантастичниот фудбалер на Јувентус се заинтересирани речиси сите најбогати клубови во светот, а најсериозни кандидати за добивањето на неговите услуги се неговиот поранешен тим Манчестер Јунајтед, Челси и Реал Мадрид. Овие три тима се подготвени да издвојат вистинско богатство за да го доведат во своите редови, но цената би можела да достигне и 100 милиони евра.
Разочарувањето доаѓа од неговиот менаџеро кој изјави дека Погба до крајот на сезоната ќе остане во Јувентус.
– Доколку беше поставен на трансфер листа, тој ќе беше најскапиот фудбалер на светот. Само осум екипи се способни да го купат, но до крајот на оваа сезона тој ќе остане во Јувентус, а потоа ќе видиме што ќе се случува – изјави Мино Раиола.
Погба пред три сезони пристигна во Јувентус, од редовите на Манчестер јунајтед кој не процени добро и без обештетување го пушти во Торино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.