Актуелниот европски првак Челси ќе игра против рускиот тим Рубин Казањ во обидот да ја продолжи мисијата за обединување на двете круни. Ниеден тим не успеал во две сезони да слави и во ЛШ и во Лигата на Европа, а Челси има шанса за историски успех. Во четврт-финалето на второто по квалитет натпреварување во Европа, против нив ќе игра силниот Рубин. Ова е прв меч меѓу овие две екипи, а интересно е што и во останатите двојки досега немало дуел, меѓу екипите на Фенербахче и Лацио, Тотенхем и Базел, односно Бенфика и Њукасл.
Дерби на четврт-финалната програма ќе биде пресметката меѓу Фенербахче и Лацио. Првиот меч е во Истанбул на 4 април, а реваншот ќе се игра во Рим, седум дена подоцна. Во четврт-финалето има 3 англиски екипи, Челси, Тотенхем и Њукасл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“