Низа комплименти на адреса на нашата репрезентација, максимален респект и коректни изјави доаѓаа од словенечкиот табор Еден од најупатените да зборува за избраниците на Обрван е Миладин Козлина, кој скоро со сите наши ракометари ја делеше соблекувалната во клубскиот ракомет:
“Веројатно го играме најважниот натпревар на мундијалот. Максимално се подготвуваме за овој дуел и можам да кажам дека не очекува тежок натпревар и според мене ќе победи онаа селекција која ќе направи помалку грешки. Македонија игра одлично, имаат квалитет и во одбраната и нападот. Комплетниот тим игра фантастично и за македонската репрезентација можам да делам само комплименти. Не знам дали е предност што ги познавам скоро сите играчи. Сите добро меѓу себе се познаваме. Си ги знаеме добрите и слабите страни и затоа сметам дека се ќе зависи од концентрацијата во текот на натпреварот” истакна словенечкиот репрезентативец, Козлина кој настапуваше и за Металург и за Вардар, а сега професионалниот леб го заработува во Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)