| четврток, 6 декември 2018 |

Голужа и Марковиќ типуваат на Македонија

Сите репрезентации од нашата група се сместени во ист хотел, во убавиот „Мериот„ во срцето на Доха. Често се дружат, разговараат, се шегуваат. Таму се официјалните средби со новинарите и секогаш околу пладне има видлива гужва, обид да се дојде до „парче„ нечие мислење пред големите средби. Така селекторите на БиХ и Хрватска, Драган Марковиќ и Славко Голужа го искажаа својот став пред нашиот меч со Словенија и ни дадоа блага предност.

Qatar 2015 M18 AUT vs BIH

„Македонија е во блага предност, но не сум сигурен дека е јасен фаворит. Словенија е многу незгоден ривал за сите противници, па така ќе биде и за вас. Им се враќа Цехта на лев бек, за да се обиде да го реши мечот со шут од надвор. Ќе биде неизвесно, но м давам блага предност на Македонците, пред сѐ поради проблемите на словенците на позицијата лев бек. Делуваат воиграно, сите натпревари овде ги одиграа на високо ниво” вели босанскиот предводник, Марковиќ.

goluza_1

Скоро да го дели истото мислење човекот кој со својата Хрватска ни го нанесе единствениот пораз во Катар:
„Македонија е апсолутен фаворит. Мислам едноставно тие се подобри. Нема врска што Словенија е четврта на светот од последниот Мундијал во Шпанија. Гледам дека на овј турнир тие имаат некои проблеми и поради повредите не се комплетни. Мислам дека ќе биде тежок натпревар со многу нервоза. Влогот е огромен” рече запрашан за нашето осминафинале, Голужа. Мечот Македонија почнува од 16:30 часот, а веднаш по него следи и второто осминафиналето во салата во Ал Саад, помеѓу Бразил и Хрватска.
(lazarovkiril7.com)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top