Денешниот меч од осминафиналето на светското првенство во Катар е само втор натпревар во кој поразениот тим е елиминиран по 60 минути борба за нашата селекција. Првиот наш меч од тој тип беше осминафиналето на светското првенство во Шпанија против Германија во Барселона, кое нашиот противник го доби со 28:23 (13:9).
Ист таков натпревар, но не со елиминација туку со борба за пласман беше нашиот дуел токму со Словенија во јануари 2012 година во Белград, кога со победата од 28:27, нашите момци го освоија петтото, а словенците шестото место. Претходно на сите турнири на кои учествувавме, без разлика дали се работи за европско или светско првенство, системот на натпревари беше поинаков, а најчесто не доаѓавме да играме натпревари од овој тип. Словенците се нешто поискусни, но само како репрезентација, а како поединци имаат многу млади ракометари, кои се соочуваат со вака голем меч како денешниот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.