Во Македонската опера и балет денеска ќе се одржи претставата за деца „Петар Пан“, во која настапуваат солисти и балетскиот ансамбал на МОБ.
Петар Пан е лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ.М. Бери. Тој е палаво момче кое може магично да лета и одбива да расте.
Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров „Недојдија“ како лидер на неговата банда „Изгубените момчиња“ заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати, одвреме навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.