| четврток, 6 декември 2018 |

Лацио со пресврт го победи Милан

lacio

Фудбалерите на Лацио со пресврт во вториот дел славеа победа над Милан со 3:1.

Во мечот од 18.коло на италијаската Серија А, гостите поведоа со голот на Џереми Менез во 10-минута со 1:0 резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел, домаќините доминираа на теренот, а како резултат на таквата игра беа трите гола, во мрежата на Диего Лопез. Стрелци на головите за Лацио беа Марко Пароло, кој двапати се запиша во листата на стрелците (47 и 81-миута) и Мирослав Клосе (51).


Lazio vs AC Milan (3-1) Full Highlights 24/01… by rubin7190

И во вториот натпревар одигран вчера, домашниот тим славеше победа, односно Каљари со 2:1 го совлада Сусуоло.

Денеска се играат шест средби:
Интер – Торино,
Верона – Аталанта,
Јувентус – Киево,
Парма – Чезена,
Сампдорија – Палермо и
Фиорентина – Рома.

Колото ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварите, Емполи – Удинезе и Наполи – Џенова.

Табела:
Јувентус 39 бодови (-1 натпревар помалку),
Рома 39,
Лацио 33 (+1 натпревар повеќе),
Наполи 27 (-1),
Џенова 27,
Сампдорија 27,
Милан 25 (+1),
Палермо 25…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top