| четврток, 6 декември 2018 |

Герет Бејл јунак за „кралевите“, Барселона го торпедираше Елче (видео)

Во 20.коло од шпанската примера дивизија водечките на табелата Реал Мадрид и Барселона славеа победи на гостувањата кај Кордоба и Елче.
Кралскиот клуб се намачи против Кордоба славејќи победа во самиот финиш од мечот, односно со гол од пенал во 89 минута.

CORDOBA VS. REAL MADRID

На самиот почеток Кордоба изненадувачки дојде во водство уште во третата минута, кога Серхио Рамос играше со рака во својот шеснаесетник, а Гилас од пенал го совлада Икер Касилјас.
Бензема го изедначи резултатот во 27 минута Бензема израмни во 27.минута, откако најдобро се снајде по корнер, а избраниците на Карло Анчелоти долго се мачеа за втор гол.
Кристијано Роналдо беше исклучен во 82 минута откако удри противнички играч без топка. Јунак за Реал Мадрид беше Велшанецот Герет Бејл кој го реализира пеналот во самиот финиш од мечот, откако Картабиа играше со рака во шеснаесетникот.


Cordoba vs Real Madrid 1:2 all goals!!!! by gogeti1

Барселона со шест парчиња го почасти Елче на гостински терен. Каталонците без поголеми проблеми и очекувано славеа нова победа во шпанското фудбалско провенство, и по победата на Реал Мадрид одговорија со нови три бода. По два гола постигнаа Меси и Нејмар, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Пике и Педро.

Третиот клуб аспирант за титулата во Шпанија тимот на Атлетико Мадрид славеше победа на домашен терен против Рајо Валјекано со 3-1.
На табелата води Реал Мадрид со 48 бода со бод предност пред Барселона но и натпревар помалку, а Атлетико Мадрид има 44.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top