Тимот на Мануел Пелегрини беше изненаден во најстарото фудбалско натпреварување во светот англискиот ФА Куп.
Манчестер Сити беше поразен на домашен терен од Мидлсборо на домашен терен со 0-2. Иако настапи со најсилниот состав со Агуеро, Силва, Јоветиќ, Навас, Манчестер Сити е заслужено елиминиран со головите на Банфорд во 53 и Кике во 93 минута од натпреварот. Тимот што важеше за еден од фаворитите за освојување на трофејот од ова натпреварување, сега може понатамошните натпревари да ги гледа од дома.
Manchester City vs Middlesbroug (0-2) Full… by rubin7190
Иста судбина ја доживеа и тимот на Жозе Мурињо.
Челси по водството од 2-1 на полувреме, мораше на крајот да им честита на нисколигашот Брадфорд бидејќи гостите постигнаа дури три погодоци во второто полувреме на Стенфорд Бриџ. Челси кој важи за еден од најдобрите тимови во Европа и е лидер во Премиер лигата срамно го заврши настапот во ФА Купот.
Chelsea vs Bradford City 2-4 All Goals & Match… by f100000228407415
Тотенхем истотака е елиминиран од купот по поразот од Лестер со 2-1 на домашен терен како и Саутемптон од Кристл Палас со 2-3, додека единствениот фаворит кој „преживеа“ денеска е Ливерпул кој одигра само 0-0 на Енфилд Роуд против Болтон и пласманот во следната рунда ќе го бара на гостински терен во возвратниот дуел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)




