| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Ако се противи на исломофобијата, ЕУ мора да ја прими Турција

Европската унија „мора да ја прими Турција“ како своја членка, доколку се противи на исламофобијата, изјави во саботата турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган, кој е прв турски претседател што го посетил Џибути, рече дека „Турција никогаш нема да ги толерира терористите“ и дека тие „можат да бидат од било која вера“, по што се осврна на процесот на придружување на Турција во ЕУ, пишува весникот Хуриет.

„Не е важно дали тие ќе не примфат или нема. Ние ќе продолжиме со својата работа. Ние ја тестираме Европа. Дали е Европа подготвена да проголта и да ја прифати Турција, чиј народ се услимани? Доколку се противите на исламофобијата, тогаш морате да ја примите Турција во ЕУ“, порача Ердоган.

„Турција е вклучена во НАТО,ОБСЕ… И зошто не ја примите во ЕУ? Тогаш, проблемот лежи на друго место“, рече Ердоган.

Тој нагласи дека „Турција сега е силна држава и дека нема да дојде на вратата на ЕУ за да моли за членство“.

„Доколку Турција биде прифатена, таа ќе биде член. Ако не одбијат, тогаш Турција ќе си создаде свој пат“, заклучи Ердоган.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top