Муслиманите се вознемирени поради растот на исламофобијата, особено во Европа, соопшти директорот на Секторот за верски прашања во Турција.
„Ерупцијата од исламофоби мора да се намали, особено во европските земји. Ние, како муслимани, сме многу вознемирени од ова“, вели Ели Ербас за време на средбата со амбасадорот на Ватикан во Анкара, Пол Фицпатрик Расел.
Ербас изјави дека христијанската сфера, како и институциите под надлежност на Ватикан мора да работат на ова прашање.
Тој ги повика христијаните да се борат против тероризмот и терористичките организации кои вршат екстремистички напади прикриени како припадници на исламската заедница.
„Ние продолжуваме да се бориме против овие организации кои се стремат кон тероризам и се активни во исламската заедница. Тоа што се претставуваат како муслимани и претставници на исламот нам не вознемирува“, заклучи Ербас.
Расел, пак, изјави дека е потребна соработка меѓу религиите и разрешување на конфликтите во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.