| четврток, 6 декември 2018 |

Шкоф: Ја посакувавме Австрија, Македонија е многу незгоден противник

Првиот голман на словенечката ракометна репрезентација на светското првенство во Катар Горазд Шкоф не крие дека ги посакувал австријците за противници во осминафиналето. Тој изјави дека потешко ќе им биде да играат против македонската гранитна одбрана отколку брзите напади на австриската репрезентација.

– Дадовме се од себе за да ја победиме Шпанија, но за жал тоа беше невозможно. Втора желба ми беше Австрија да слави над Македонија, но и тоа не мми се исполни, сметам дека брзата игра на Австријците повеќе ни одговара отколку цврстата зонска одбрана на која инсистираат Македонците. Сепак, што е тука е… знаеме дека половина од репрезентациите дојдоа овде со желба да играат олимписки квалификации, исклучок не сме ниту ние ниту пак Македонците. Ќе бидат тоа пеколни 60 минути што ќе ги одбележи голема борба, се надевам дека на крајот ние ќе излеземе како победници – изјави Горазд Шкоф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top