| четврток, 6 декември 2018 |

Рекордна 15 по ред победа на Атланта, Антиќ со 8 поени

Екипата на Атланта ја оствари рекордната петнаесетта победа во низа откако синоќа пред својата публика ја совлада екипата на Оклахома Сити со 103-93.

До клупскиот рекорд Атланта стигна со одличната игра во нападот, а петмина кошаркари на „Хоукси„ средбата ја завршија со двоцифрен број на постигнати поени. Двајца од нив средбата ја завршија со ,,дабл-данл„ учинок и тоа, Пол Милсап со 22 поена и 10 скока, а Ал Хорфорд на 14 поени придодаде 12 скока.

Перо Антиќ во овој триумф на Атланта партиципираше со 8 поени, 4 скока и 2 асистенции.

Вечерта ја одбележа и Клеј Томсон, кој во победата на Голден Стејт од 126:101 над Сакраменто постигна 52 поени од кои 11 „тројки„ од 15 обиди. Од нив Томсон уфрли девет „троки„ и вкупно 37 поени во третата четвртина со што собори два рекорди во НБА лигата.

На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати: Сан Антонио – Л.А. Лејкерс 99:85, Денвер – Бостон 99:100, Финикс – Хјустон 111:113, Филаделфија – Торонто 86:91, Кливленд – Шарлот 129:90, Мајами – Индијана 89:87, Њујорк – Орландо 113:106, Далас – Чикаго 98:102 и Минесота – Њу Орлеанс 84:92.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top