| четврток, 6 декември 2018 |

Во градовите зафатени од невремето нема проблеми со електрична енергија, а ЕВН ги санира помалите проблеми

Поплавени се ниви, критичен е мостот на регионалниот пат Штип-Радовиш, зголемено е и нивото на Брегалница, а во Штип забранети за сообраќај се два моста. Излеани реки, уништени земјоделски површини, поплавени куќи, одрони, невремето со поројни дождови и ветер од 100 километри на час почна да прави проблеми. Вода надоаѓа и од снегот што се топи…

Во Крива Паланка наврна 39, а во Демир Капија 38 литри на метар квадратен. Прекинат е железничкиот сообраќај од Демир Капија до Гевгелија. Со механизација се вади водата во подрумот од Специјалниот завод. Реката Бошавица се излеа од коритото и го скина заштитниот насип на улицата Партизанска која се наполни со вода.
Вода од Серавска река се прелеа во селото Миравци. Таму нема сообраќај преку мостот од кај селото Милетково, па така во Миравци се влегува преку Удово. Невремето предизвика поплави и во Неготино.
Сообраќајните проблемите почнаа од вчера вечерта кога врнеше и дожд и град во пределот на планината Кожув. Надојдената Сува река ја поплави пречистителната станица што се гради на Вардар. Критично е и во Пелагонија.
Дождот предизвика и одрони на патиштата. На патот Маврово Дебар сообраќајот се одвива по една лента поради лизгање на карпите кај Јанче.
Нема посериозни проблеми со снабдувањето со електрична енергија, а екипи на ЕВН работат на отстранување на помалите проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top