| четврток, 6 декември 2018 |

Отпишани повеќе од седум милиони евра долгови на граѓаните

Досега се реализирани 4.670 барања за отпис на долгови на граѓаните, од кои повеќе од 90 отсто на лица приматели на социјална помош, а вкупниот износ на еднократно отпишаните долгови изнесува 427 милиони денари или повеќе од седум милиони евра.

Како што соопшти вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, најголем дел од долговите се сметки за струја, радиодифузија, греење и долгови кон банки.

-Досегашната реализација на проектот се одвива задоволително, постигнат е добар прогрес. Сите барања што се стигнати до Комисијата се обработени, со исклучок на 2.700 кои беа некомплетни и за кои е побарано од апликантите да ги докомплетираат, рече Ставрески.

Проектот, како што појасни Ставрески, е многу сложен, има обемна документација што треба да се провери, особено бидејќи некои предмети на должниците не се совпаѓаат со оние на доверителите и затоа најверојатно ќе трае неколку месеци.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов рече дека Владата вложува максимален напор за да им помогне на најзагрозените граѓани. Досега за отпис на долгови се поднесени вкупно 41.765 барања, а за нивно решавање се формирани три комисии и посебна техничка служба. Најголем број на донесени одлуки и орпишани долгови се на семсјтва од Скопје, односно 895 одлуки, чии износ на отпишани долгови изнесува  155,7 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top