Еден од критизерите на власта, Бранко Тричковски, преку социјалните мрежи директно побара ново раководство и нова програма на СДСМ.
Во не толку кусиот текст „Редизајнирајте го ебаниот авион!“ Тричковски им порачува да се ребрендираат, да најдат нови симболи, нови бои, ново раководство, дури и име и, што е најважно- нова програма во која ќе се дефинираат.
„Можете само да добиете, ризикот дека ќе загубите нешто е исклучен затоа што се што имавте за губење веќе го загубивте!“- порачува Тричковски до СДСМ
Интегрален текст од статусот на „Фејсбук“ на Тричковски
Редизајнирајте го ебаниот авион!
Последен повик од патниците до летот СДСМ 2015: редизајнирајте го ебаниот авион!
Отфрлете ја розата со тупаницата зашто ниту сте роза титу сте тупаница, ниту е пак добро да бидете роза и тупаница, тоа се, сепак, патетични и незаживеани, а обесмислени симболи! И нови бои одберете, откачете се од оваа асоцијација на необврзаност и лефтерност, на плавобеложолта инфантилност, на нешто што повеќе буди сомничавост отколку што сугерира доверливост! Отфрлете го зборот “Сојуз”, затоа што во Европа не само што не котира добро туку и лошо се конотира!
Одберете ново име и нов логотип, ново лидерство и, најважно од се: напишете нова програма во која на нов, предизвикувачки начин ќе се дефинирате себе си, својата внатрешна егзистенција и поставеност и својот поглед кон светот и кон случувањата во светот, во регионот и, се разбира во Македонија! Се разбира, сето тоа може да се јави и како сосема нов субјект, како во Грција, во Шпанија, во Словенија, во Хрватска итн. И тоа многу бргу ќе се случи ако вие ја пропуштите последната шанса! Можете само да добиете, ризикот дека ќе загубите нешто е исклучен затоа што се што имавте за губење веќе го загубивте! Престанете да се однесувате како муштерии во банка на кои бројчето им поминало додека во блиската кафеана пиеле пуво! И не заборавајте: отсуството на сериозна алтернатива е важен фактор на кондицијата на режимот! Особено при ориентацијата на меѓународниот фактор!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


