| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: За 10 месеци во Украина загинаа преку 5.000 лица

Од почетокот на конфликтот во Украина, лани во април, па досега, животот го загубија повеќе од 5.000 лица, соопшти денеска Комесаријатот на ОН за човекови права (УНЦХР), додавајќи дека е можно бројот на загинати да е многу поголем.

– Значителното зголемување на непријателските активности доведе до бројка од 5.086 загинати, но се плашиме дека вистинската цифра може да е значително поголема – изјави портпаролот на УНЦХР, Руперт Колвил.

Во вкупната бројка на загинати, според податоците на УНЦХР, влегуваат и 262 жртви во судирите меѓу украиснките сили и проруските сепаратисти во последниве девет дена, кои, според Колвил, се „најкрваиот период“ од прогласувањето на прекинот на огнот на почетокот на септември минатата година.

Во исто време, Високиот комесаријат на ОН за белаци (УНХЦР) соопшти дека новите безбедносни мерки на украинските власти ги отежнуваат напорите за доставување помош во зоните на конфликт во источна Украина и животот на оние лица што ги напуштиле своите домови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top