| четврток, 6 декември 2018 |

Контроли во Битола и во Прилеп, изречени глоби за неиздавање фискални

фискална

Битолската полиција во содејство со инспекциски служби од УЈП, вчера реализираа акциски контроли во вкупно 16 угостителски објекти.

На подрачјето на Полициската станица во Битола контроли се извршени во пицерија „Рустико“, кафе-бар „Симбол“, кафе-бар „Арт“, кафе-бар „Конект-2“, кабаре „Анита“ во село Кравари и ресторан „Мико“ – село Кравари. На подрачјето на Полициската станица во Прилеп беше извршена контрола во кафе-бар „Вирус“, „Хепи Канди“, „Лидо“, „Морнар“ и во „Инсомнија“, интернет-клубови „Клик“ и „Андерграунд“ и ресторани „Гурман“ и „Лав“, и во кафе-барот „Селект“, кој беше затворен, односно не работеше.

Од страна на УЈП на ресторан „Гурман“  поради неиздавање фискални сметки, соопшти денеска МВР, изречена е забрана за вршење на дејност од 15 дена и парична казна од 3.250 евра односно 2.500 евра за правното лице и 750 евра во денарска противредност за одговорното лице во правното лице. За кафе бар “Инсомниа“ и интернет клуб “Клик“ изречени се глоби во висина од по 2.000 евра во денарска противвредност.  Исто така од страна на полициските службеници издадени се и шест платни налози за глоба за шест лица затекнати со цигари во угостителските објекти, како и два платни налога по Законот за лична карта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top