| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте, има засилени контроли, не возете под дејство на алкохол

стопМинистерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по повод претстојните новогодишни и божикни празници, имајќи предвид дека се очекува зголемена раздвиженост на граѓаните и одржување на јавни собири и манифестации, а со цел обезбедвање поволна безбедносна состојба во областа на јавниот ред и мир, криминалитетот, безбедноста во сообраќајот, обезбедување на државната граница, обезбедување на објекти, личности, ДКП – презема зајакнати мерки и активности по претходно изготвени планови заради благовремено следење и преземање на конкретни мерки и активности за спречување на истите.

Исто така, по однос на сообраќајот, од страна на организаторите на посочените манифестации не се доставени никакви барања за какви било ограничувања или, пак, затворање на одредени сообраќајници, односно истиот ќе се одвива тековно и без никакви ограничувања.

Воедно, од страна на полициски службеници од ОН и од БПС ќе бидат преземени зајакнати мерки и активности на подрачјата на сите Сектори за внатрешни работи со цел превентивно покривање на сообраќајниците и угостителските објекти каде што ќе има организиран дочек на новата 2016 година.

-Во оваа пригода МВР уште еднаш апелира до граѓаните во текот на прославите на претстојните празници да се воздржат од прекумерна употреба на алкохол, да не се управуваат возила под дејство на алкохол, како и воздржување од употреба на огнено оружје, петарди и други пиротехнички средства. МВР, исто така, апелира до граѓаните, за евентуалните сознанија и други видови нарушувања истите да ги пријават на телефонските броеви 192, 199 како и на е-адресата на МВР – kontakt@moi.gov.mk – стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top