| четврток, 6 декември 2018 |

Австриската економија ќе ја плати сметката на граничните контроли

австрија

Засилените контроли на границите на Австрија, воведени поради бегалската криза, скапо ќе ја чинат економијата на земјата, пишуваат денеска виенските медиуми, пренесува Танјуг.

Освен 13,8 милиони евра, колку што ќе чини планираната десетдневна контрола на државните граници од страна на полицијата и на војската, ваквата мерка веќе се одразува финансиски и на австриската економија.

Од 13,8 милиони евра предвидени за гранична контрола 2,4 милиони евра се наменети за трошоци на армијата, а 7,7 милиони за трошоци на полицијата.

Поради метежот се продолжува рокот за испорака на стоката, така најголемиот продавач на возила во земјата „Порше холдинг“ го продолжи рокот за два дена, а „БМВ Штајер“ воведува вонреден начин на работа.

Компаниите за транспорт на стока поради граничните контроли имаат за 2,5 милиони евра зголемени трошоци.

– Моментно очекуваме просечно три часа чекање на границите во покраината Горна Австрија, Салцбург и Бургенланд, помножено со 50 евра од час за вработени, тоа значи 2,5 милиони евра дневно. Поради тоа би требало да се воведе привремени флексибилни правила за законски одредениот одмор на возачите, како и намалена патарина за десет проценти – нагласи претседателот на синдикатот на транспортните компании Александар Клачка.

Според него, доколку Словенија и Италија се одлучат да воведат гранични контроли, тоа може значително да ги зголеми трошоците за работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top