| четврток, 6 декември 2018 |

Карневалот е симбол на непокорот на Вевчани

На Вев­чан­ски­от кар­не­вал, кој е сво­е­ви­ден те­а­тар без ѕи­ди­шта, не му се слу­чи­ло да ја од­ло­жи прет­ста­ва­та. Тој од го­ди­на в го­ди­на сè по­ве­ќе и по­ве­ќе го пре­диз­ви­ку­ва ин­те­ре­сот на јав­но­ста, ка­ко во зем­ја­ва та­ка и во странс­тво. Та­ка го­ди­на­ва во Вев­ча­ни при­сус­тву­ваа мно­гу­број­ни го­сти од си­те кон­ти­нен­ти, а ре­пор­та­жа за кар­не­ва­лот сни­ма­ше и пре­стиж­на­та те­ле­ви­зи­ја „Би-Би-Си“

На 13 и на 14 ја­ну­а­ри си­те па­ти­шта во­дат кон Вев­ча­ни. При­стиг­нав­ме око­лу плад­не во се­ло­то во оче­ку­ва­ње на де­фи­ле­то на ма­ски. Вев­ча­ни бе­ше разд­ви­же­но, по­сто­ја­но при­стиг­ну­ваа го­сти од со­сед­ни­те се­ла и од дру­ги­те гра­до­ви, а сел­ски­те ре­сто­ра­ни и ка­фе­а­ни беа пре­пол­ни со го­сти кои при­стиг­на­ле еден ден по­ра­но со жел­ба да би­дат дел од нај­ста­ра­та ма­ни­фе­ста­ци­ја под ма­ски. Вев­чан­ци се го­сто­љу­би­ви. Ре­чи­си се­ко­ја ку­ќа има го­сти овие два де­на и ши­ро­ко ги отво­ра­ат вра­ти­те за се­кој пат­ник-на­мер­ник. Де­не­ска е де­нот ко­га низ се­ло­то ќе про­де­фи­ли­ра­ат ма­ски­те кои во нај­го­ле­ма тај­ност се изра­бо­ту­ва­ат це­ла го­ди­на. Изра­бо­тка­та на ма­ски­те се крие ду­ри и од најб­ли­ски­те. Це­ло­то се­ло учес­тву­ва во кар­не­ва­лот. И мла­ди и ста­ри. Но, тие не зна­ат кој ка­ква ма­ска на­пра­вил. Сре­тсе­ло ќе се ви­дат. Ов­де кар­не­ва­лот се одр­жу­ва од пам­ти­век. Не­кои пи­ша­ни из­во­ри све­до­чат де­ка е стар нај­мал­ку 1.460 го­ди­ни, но по­сто­јат ар­хе­о­ло­шки на­о­ди што упа­ту­ва­ат на по­да­то­ци де­ка кар­не­ва­лот по­стои ба­рем 2.200 го­ди­ни. Де­нес кар­не­ва­лот прет­ста­ву­ва ин­те­рес­но преп­ле­ту­ва­ње на па­ган­ски и на хри­сти­јан­ски оби­чаи.

reportaza124-4

Тра­ди­ци­о­нал­но, учес­ни­ци­те се оби­ду­ва­ат да из­бег­нат во­ве­ду­ва­ње со­вре­ме­ни кар­не­вал­ски еле­мен­ти, но, се­пак, во пос­лед­ни­те го­ди­ни, во ор­га­ни­за­ци­ја на Оп­шти­на­та и на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра, се во­ве­ду­ва ред во овој ина­ку ха­о­ти­чен без­вре­мен­ски на­стан. Та­кви се вев­чан­ци. Пр­ко­сат на сè. Не­ма­ат ни­ту срам ни­ту страв. Се­ло­то се спро­тив­ста­ви и се су­дри со вла­ста и со по­ли­ци­ја­та во по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја. „Вев­чан­ски­от слу­чај“, во исто­ри­ски кон­текст, оста­на за­па­ме­тен ка­ко кон­ти­ну­и­ран от­пор на вев­чан­ци при по­се­га­ње­то по нив­ни­те пра­ва. Тоа, всуш­ност, ста­на нај­сил­на ме­та­фо­ра на нив­на­та веч­на бор­ба за оп­ста­нок на овој про­стор и на не­по­ко­рот, кој со ве­ко­ви по­сто­ја­но ги ини­ци­ра раз­вој­ни­те про­це­си и раз­мис­лу­ва­ња­та за про­ши­ру­ва­ње на сло­бо­да­та и на де­мо­кра­ти­ја­та. Ток­му за­тоа се­ко­ја власт по мал­ку стра­ву­ва во пре­срет на Вев­чан­ски­от кар­не­вал би­деј­ќи вев­чан­ци по­сто­ја­но пре­ку ма­ски­те ги ис­ме­ју­ва­ат акту­ел­ни­те на­ста­ни, по­ли­ти­ча­ри, слу­чу­ва­ња, поз­на­ти лич­но­сти… Та­ка бе­ше и овој пат. Нај­го­лем број од ма­ски­те што го­ди­на­ва про­де­фи­ли­раа на кар­не­ва­лот се ше­гу­ваа со ЕВН и со „Ма­ке­до­ни­ја пат“ – те­ми за кои се прет­по­ста­ву­ва­ше де­ка ќе ги пре­диз­ви­ка­ат до­сет­ли­ви­те вев­чан­ци, со ог­лед на тоа де­ка се­ло­то шест де­на бе­ше за­тру­па­но од снег и исто тол­ку де­на не­ма­ше стру­ја. Сту­дент­ски­те и про­фе­сор­ски­те про­те­сти, ин­ве­сти­ци­и­те, со­стој­би­те во по­ли­ти­ка­та ме­ѓу вла­ста и опо­зи­ци­ја­та, прик­лу­чу­ва­ње­то на „Ју­жен тек“, „Шпај­зот на Ма­ке­до­ни­ја“ бе­ше прет­ста­вен ка­ко „Вев­чан­ски шпајз“, Ба­ба Ра­да, Су­бра­та Рој…. се­то тоа бе­ше прет­ста­ве­но со ше­го­ви­ти ма­ски, па­ро­ли и тан­ци низ ули­ци­те на Вев­ча­ни.

reportaza124-2

reportaza124-3

Се­ло­то два де­на ечи од зур­ли, та­па­ни, пес­ни и игри. Три ме­се­ци пред тоа пе­чал­ба­ри­те жи­ве­ат за Ва­си­ли­ца. Се под­го­тву­ва­ат, из­мис­лу­ва­ат или пра­ват ма­ски, се до­го­ва­ра­ат ка­кви ма­ски и од што да ги изра­бо­тат за да ги из­не­на­дат дру­ги­те ва­си­ли­ча­ри. Кар­не­ва­лот е и чуд­на па­ра­да на ду­хот на овие лу­ѓе, на ин­вен­тив­но­ста, ма­ни­фе­ста­ци­ја на ве­се­ло­ста иа­ко гра­ди­те им се пол­не­ле со офка­ња од раз­дел­би за­тоа што Вев­ча­ни е пе­чал­бар­ско се­ло и го­лем број од не­го­ви­те жи­те­ли ра­бо­тат во странс­тво.

reportaza124-5

Отка­ко ќе за­вр­ши де­фи­ле­то, ве­чер­та спро­ти Ва­си­ли­ца, ко­га се спу­шта но­ќта, гор­но­ма­ал­ска­та и дол­но­ма­ал­ска­та тај­фа ва­си­ли­ча­ри трг­ну­ва­ат во оби­кол­ка на ку­ќи­те. Пред се­ко­ја ку­ќа игра­ат оро и ка­жу­ва­ат без­о­браз­ни ше­ги за до­ма­ќи­нот и за до­маш­ни­те, пе­ат пес­ни… Ко­га ќе поч­не да се за­зо­ру­ва на 14 ја­ну­а­ри, во во­ди­те на вев­чан­ски­те из­во­ри се пра­ви оби­ча­јот кр­шта­ва­ње во­да во из­вор. Иа­ко се слу­чу­ва мно­гу ра­но, овој оби­чај го пра­ват си­те, ре­чи­си це­ло се­ло.

– Глав­ни­от пред­мет за оби­ча­јот кр­шта­ва­ње во­да во из­вор е ва­си­ли­чар­ска­та ки­тка. Неа не­кои ја пра­ват ка­ко крст, но за­дол­жи­тел­но од три гран­чи­ња: дрен, бо­си­лек и ва­си­ли­чар­ка. Се­кое гран­че на ки­тка­та има по­себ­на цел: дре­нот е твр­до др­во кое ра­но ја нај­а­ву­ва про­лет­та и ра­ѓа здрав и бо­гат жи­вот, бо­си­ле­кот е гос­по­до­во рас­те­ние со кое се бла­гос­ло­ву­ва плод­ност, нов и здрав жи­вот и бе­ри­ќет­но ле­то, а ва­си­ли­чар­ка­та е рас­те­ние со боц­ки кои го про­го­ну­ва­ат зло­то и сè што е страш­но, ло­шо и не­при­фат­ли­во за но­ва­та го­ди­на – рас­ка­жу­ва­ат вев­чан­ци.

reportaza124-6

По­вор­ка­та ја со­чи­ну­ва­ат гор­но­ма­ал­ски­те и дол­но­ма­ал­ски­те ва­си­ли­ча­ри пред­во­де­ни од зе­тот и не­ве­ста­та со по­бра­ти­ми­те и му­зи­ка­та. На по­вор­ка­та ѝ се при­дру­жу­ва­ат се­ла­ни­те од си­те сел­ски ма­а­ла кои се упа­ту­ва­ат кон из­во­ри­те. Овој оби­чај го ви­ка­ат оде­ње на во­да ко­га во во­ди­те на вев­чан­ски­те из­во­ри се кр­ште­ва во­да: мо­ли­тви­те на по­пот, кр­ше­ње­то на ле­бот и ква­се­ње­то на ва­си­ли­чар­ска­та ки­тка го сим­бо­ли­зи­ра­ат кр­ште­ва­ње­то на во­да­та, а по­тоа се пол­нат ба­кар­ни­те са­до­ви. По вра­ќа­ње­то до­ма, кр­сте­на­та во­да од ба­кар­ни­от сад се де­ли на две по­ло­ви­ни: ед­на­та оста­ну­ва во са­дот со кој до­ма­ќи­нот тро­па на за­тво­ре­на­та вра­та на сво­ја­та ку­ќа, ја ква­си ки­тка­та и ги пр­ска про­сто­ри­и­те во ку­ќа­та бла­гос­ло­ву­вај­ќи „за убај­на, бе­ри­ќет за жен­ски јаг­ни­ња и те­ли­ња и за пол­ни ам­ба­ри жи­то и боч­ви со ви­но“. До­ма­ќи­нот ги пр­ска со кр­сте­на во­да и про­сто­ри­и­те во кои се одг­ле­ду­ва сто­ка­та и жи­ви­на­та: пон­ди­ла­та, ко­ко­шар­ни­ци­те. Вто­ра­та по­ло­ви­на од кр­сте­на­та во­да ја упо­тре­бу­ва до­ма­ќин­ка­та на ку­ќа­та, ко­ја ра­но на­у­тро, на 14 ја­ну­а­ри, на Ва­си­ли­ца, ме­си ка­ша­ник со па­рич­ка. Тоа е вев­чан­ски спе­ци­ја­ли­тет – не­кис­на­то те­сто од пче­нич­но браш­но со ква­сец. Се­кој што во ова вре­ме ќе се нај­де во Вев­ча­ни, во се­ко­ја ку­ќа ќе би­де пос­лу­жен со ка­ша­ник и со лу­кан­ци, вев­чан­ски до­маш­ни кол­ба­си, ка­ко и со до­маш­но би­е­но си­ре­ње и ки­се­ло мле­ко.

– Кој ќе кес­нит од ка­ша­ни­кот и тој што ќе ја најт па­рич­ка­та, ќе имат убај­на, ајр, ем бе­ри­ќет до го­ди­на на Ва­си­ли­ца – Сур­ва го­ди­на – ве­лат во Вев­ча­ни.

reportaza124-7

На Вев­чан­ски­от кар­не­вал, кој е сво­е­ви­ден те­а­тар без ѕи­ди­шта, не му се слу­чи­ло да ја од­ло­жи прет­ста­ва­та. Тој од го­ди­на в го­ди­на сè по­ве­ќе и по­ве­ќе го пре­диз­ви­ку­ва ин­те­ре­сот на јав­но­ста, ка­ко во зем­ја­ва та­ка и во странс­тво. Та­ка го­ди­на­ва во Вев­ча­ни при­сус­тву­ваа мно­гу­број­ни го­сти од си­те кон­ти­нен­ти, а ре­пор­та­жа за кар­не­ва­лот сни­ма­ше и пре­стиж­на­та те­ле­ви­зи­ја „Би-Би-Си“.

 

(Пишува: Невена Поповска
Текст објавен во 124. број на неделникот „Република“, 16.01.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top