| четврток, 6 декември 2018 |

Во 2015 година седум премиери на македонски филмови

tri-dena-vo-septemvri-prva-klapa-1

Од снимањето на филмот „Три дена во септември“

Во 2015 година ќе има седум премиери на домашни филмови, што е рекорден број досега.

 

Ова го најави Дарко Башевски, директорот на Агенцијата за филм на Македонија.

До крајот на првата половина на годинава се очекуваат премиерите на „Медена ноќ“ на
Иво Трајков кој ќе биде прикажан и на маркетот за дистрибутери на претстојното Берлински филмски фестивал кој ќе се одржи од 5 до 15 февруари, потоа „Мојот брат Лазар“ на Светозар Ристовски, „Чекајќи ги парите“ на Слободан Деспотовски и „Три дена во септември“ на Даријан Пејовски.

До крајот на годината се очекуваат премирите на „Сведок“ на Митко Панов, и „Ослободување на Скопје“ на Раде Шербеџија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top