| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдено тело на убиен тетовец, кој бил пријавен за исчезнат

Вчера во 12,30 часот на земјен пат покрај автопатот  Тетово – Гостивар, кај местото Тумчевишка Петља, било пронајдено телото на 56-годишниот Рефет К. од Тетово, кој на 20 јануари бил пријавен за исчезнат во СВР-Тетово .

Смрт е констатирана од страна на доктор од Итна медицинска помош, а увид на самото место извршил јавен обвинител. На телото на починатиот биле забележани две прострелни рани. По наредба на Основото јавно обвинителство, телото на починатиот е пренесено во Медицинскиот центар – Гостивар за обдукција.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top