| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанка заработила кривична пријава поради уцена

уцена

Охридската полиција поднесе кривична пријава за 49-годишната К.К. од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на казнено дело уцена.

Според полициското соопштение, на 23 декември минатата година пријавената во повеќе наврати од нејзиниот мобилен телефон испратила СМС до лицето В.Ш. од Охрид, преку кое се обидела од лицето А.Т. да оствари противправна имотна корист од пет илјади евра.

Имено, пријавената пријавената барала од В.Ш. да оствари контакт со братот на А.Т., кој бил во притвор, со цел да ги изнуди посочените пари за пред Судот да даде поволен исказ за притворениот. Пријавената К.К. барала 3.000 евра да и бидат исплатени веднаш, а останатите 2.000 евра на почеток на 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top