| четврток, 6 декември 2018 |

Кога поранешното момче има нова девојка

За да полесно ја пребродите новонастанатата ситуација, стручњаците за врски ве советуваат со неколку решенија.

Ниту еден месец не поминал од прекинувањето на врската, а поранешното момче веќе гордо се шета со новата девојка. Бесни сте, разочарани, лути, но не смеете да дозволите негативните емоции да ве обземат.

ljubomora

Избегнувајте места каде што ги сретнувате

Можеби имате потреба да го шпионирате поранешното момче за да проверите дали и неа ја гледа како што ве гледал вас некогаш, но никако не правете го тоа затоа што само ќе ја засилите љубомората. Немојте да го шпионирате на „Фејсбук“ затоа што ќе станете параноични и ќе ви изгледа дека секој негов статус е посветен на новата девојка.

Не споредувајте се со неа

Дури и ако вие сте го оставиле него, суетата работи, па сакате да дознаете дали е таа поубава од вас. Многу жени, во процената ги вклучуваат и своите пријателки очекувајќи реакции како што се „на ништо не личи“. Обидете се да не го правите тоа затоа што не станува збор за натпревар. И колку што помалку знаете за неа, толку подобро.

Потсетувајте се на неговите недостатоци

Не е важно кој ја прекинал врската, вашето поранешно момче сигурно не е совршено. Место за неговите добри страни, размислувајте за неговите недостатоци, ќе ви биде полесно. И не заборавајте на причината за раскинување на врската, очигледно нешто не функционирало, инаку сè уште би траело.

Фокусирајте се на својот живот

Правете работи што ве оtпуштаат и ве прават среќна. Одењето во сала за вежбање, дружењето со пријателите, гледањето филмови, читањето книги, ќе ви помогне да се вратите на себе. Единствено што би требало да избегнувате е да барате нов партнер за да му се одмаздите на поранешниот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top