| четврток, 6 декември 2018 |

Не сакате љубоморни сцени-ова се вистинските хороскопски знаци за вас

Љубомората и најхармоничната врска може да ја претвори во пекол, но повеќето од нас едноставно не можат да си помогнат. Кога станува збор за љубомората, нај нељубоморни се жените во овие три хороскопски знаци.

Овен 

За почеток, жените во овој знак не се љубоморни бидејќи љубомората е знак на несигурност, што тие одбиваат да бидат. Жените во овој знак премногу се зафатени со работа на себе, одење на забави и дружење со што поголем број на луѓе, за да имаат време за љубомора.

Стрелец 

За овие жени со слободен дух е чудно ако воопшто сакаат да бидат во врска, а ако веќе се во врска, тогаш не се занимаваат со работи кои не се важни. Жените во овој знак живеат во моментот, а љубомората за нив би значела дека мораат да излезат од моментот, што никако не е опција.

Водолија 

Жените во овој хороскопски знак знаат дека би се чувствувале ужасно ако некој го преиспитува секој нивен чекор и однос надвор од врската, па затоа ја почитуваат туѓата слобода. Тие се независни и фокусирани на себе, па љубомората поради нешто што прави некој друг едноставно не им е природна реакција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top