| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатни курсеви по странски јазици и информатика за студенти и невработени од Охрид

курсеви

Бесплатните курсеви по англиски, германски јазик и информатика за 34 невработени лица и студенти од Охрид, што по претходно распишан конкурс ги додели локална самоуправа, денеска стартуваат во работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“.

Според податоците од надлежните општински служби, станува збор за 14 курсеви по англиски, 16 по германски јазик и четири курсеви по информатика.

Овој проект на локалната самоуправа е финансиран со средства од општинскиот буџет, а е со цел помош на студенти и невработени лица кои живеат во семејства со ниски месечни примања или се социјални случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top